За нас

Фото Кино Клуб „Прилеп“ e здружение на граѓани основано во 1984 година. Почетоците на функционирање на ова здружение се поврзани со организирање курсеви за фото и кино техника, а подоцна и со преземање иницијативи за учество во одделни сојузи. Денес, Клубот е членка на Сојузот на организации на техничка култура, на Фото сојузот и Кино сојузот на Република Македонија.
Во текот на 35 годишното постоење, ФКК – Прилеп се разви во одржлива организација со капацитет за организирање различни активности за популаризација на фотографската уметност и филмската култура меѓу граѓаните на Република Македонија.
Членовите на Клубот активно учествуваат на домашни и меѓународни изложби и фестифали за што зборуваат и бројните освоени награди, дипломи и признанија.
Исто така, Клубот е организатор и координатор на проекти, школи, клубски, државни и меѓународни манифестации поврзувајќи ги младите преку вклучување во настани кои ги истакнуваат нивните потенцијали во областа на фотографската и филмската уметност.
Цели

Ширење и популаризација на фото и кино-видео техниката.

 

Поттикнување, развој и јакнење на интересот кај децата и возрасните за активно занимавање со фото и кино-видео техниката.

 

Воспитување, образование и оспособување на членовите за практична примена на фото и кино-видео техниката.

Задачи

Организирање активности за популаризација на фотографската уметност и филмската култура во Република Македонија.

 

Поттикнување на членовите активно да се занимаваат со фотографија и со различни жанрови од областа на непрофесионалното филмско творештво.

 

Залагање фотографската уметност и филмската култура да бидат фактор на соработка преку изложби, фестивали, летни школи и други активности од заеднички интерес за унапредување на фотографското и филмското творештво.

Нашиот тим

Членовите на органите на Клубот го сочинуваат успешни претриемачи и универзитетски професори кои имаат долгогодишно искуство во развојот и управувањето со проектни и едукативни активности од областа на фотографската уметност и филмската култура.

100

Членови

6

Клупски изложби

50

Обуки

50

Награди

Од почетници до професионалци

Бидете дел од нашето членство

1. E-mail

fkkprilep@gmail.com

2. Телефон

+389 70 353 669

3. Локација

Димо Наредникот П.ф.238, Прилеп