International exhibition of art photography PHOTO MOTION 2015

Повеќе...

Жените и фотографијата

На меѓуклупската изложба „Жените и фотографијата“ што се одржа на 12.03.2015 год. во Куманово учество зедоа и трите фотографки на ФКК –Прилеп. Повеќе...

Прва клупска изложба

1-ва клубска изложба на уметничка фотографија ЈОРДАН ЗАЗОСКИ – ЗАЗО 2013

ДМФ 2013

Каталог денови на Македонска фотографија 20113

Видео предавање

Видео предавање на тема Adobe Photoshop CC (v14.0) и Adobe Camera Raw 8.1

Од 29.10.1984 година во Прилеп дејствува Фото кино клубот, којшто во својот развоен пат бележи спојување меѓу фото клубот „Златоврв“ и кино клубот „ЕДЕЛВАЈС“, а се со цел за интегрирање на активностите и обезбедување побогата содржина.

Имено, почетоците од неговото функционирање се поврзани со организирање  курсеви за фото и кино техника, а подоцна и со преземање иницијативи за асоцирање во одделни сојузи. Така, денес, тој е членка на Сојузот на организации на техничка култура, членка на Фото сојузот на Р. Македонија и  Кино  сојузот на Р. Македонија. Во ,90. години на 20. век Клубот достигнува најголеми остварувања, така што бил организатор на изложби и фестивали, а исто така и организатор на државни изложби. Имено, во 2001 год. тој бил домаќин и организатор на фестивалот ДЕНОВИ НА НЕПРОФЕСИОНАЛЕН ФИЛМ.